Линкови за пристапност

Трамп се среќава со Ким Јонг Чол во Белата куќа


Очекува да добие писмо од севернокорејскиот лидер, во пресрет на потенцијалната средба во Сингапур

Претседателот на САД Доналд Трамп денес се очекува да добие писмо од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, во пресрет на потенцијалната средба овој месец.

Писмото треба да му го донесе од официјалниот претставник на Северна Кореја Ким Јонг Чол, кој допатува во Вашингтон.

Ким Јонг Чол е официјално лице од највисок ранг во Владата на Северна Кореја, кое ќе ги посети САД после 20 години пауза.

Развојот на настаните доаѓа ден откако државниот секретар Мајк Помпео, рече дека е направен вистински прогрес во разговорите за одржување на средбата на 12-ти јуни во Сингапур.

„Останува уште голем дел од работата да се заврши“, додаде Помпео.

Тој нагласи дека Северна Кореја мора да одбере пат, што е фундаментално различен за да осигура безбедност, а што ќе значи целосна и трајна денуклеаризација.

„Нашите две држави се соочуваат со суштински момент во меѓусебниот однос, и би било трагично ако се дозволи да се испушти овој момент“, изјави Помпео.

Помпео и Чол се сретнаа во владин апартман во близина на Обединетите нации, во насока на стртешка координација, додека Трамп рече дека со нетрпение очекува да види што стои во писмото кое севернокорејската делегација го носи во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG