Линкови за пристапност

Помпео ќе се сретне со поранешниот севернокорејски разузнавач во Њујорк


Ќе разговараат за очекуваната средба меѓу Трамп и Ким Јонг Ун во Сингапур, соопшти Белата куќа

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, на крајот на неделата ќе се сретне со севернокорејскиот генерал со четири ѕвездички во Њујорк, на разговори во врска со планираната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, соошти Белата куќа.

Ким Јонг Чол, потпретседател на Централниот комитет на владејачката партија, и поранешен шеф на разузнавачката служба на Северна Кореја, замина од Пекинг со комерцијален лет на Кинеската авиокомпанија до меѓународниот аеродром во Њујорк Џон Ф. Кенеди.

Порано денеска, Трамп на неговиот Твитер профил, напиша дека посетата на Ким е „цврст одговор на моето писмо. Благодарам“.

Минатата недела, Трамп испрати писмо до севернкорејскиот лидер Ким Јонг Ун, велејќи дека закажаниот состанок во Сингапур на 12-ти јуни, нема да се случи поради, како што вели тој, огрмониот гнев и отворено непријателство, искажано во писмо од Пјонгјанг.

Но, преговорите меѓу двете држави продолжија, вклучувајќи разговори во корејската демилитаризирана зона.

„САД продолжуваат активно да го подготвуваат претседателот Трамп, за очекуваниот самит со Ким во Сингапур“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс.

Сандерс рече дека американската делегација се среќава со севернокорејската делегација во демилитаризираната зона.

„Планираат да имаат дополнителни состаноци оваа недела“, вели таа, додавајќи дека одвоено, заменик-шефот на Кабинетот на Белата куќа Џо Хаџин предводи тим во Сингапур, за логистичка координација пред закажаниот самит.

Исто така, се очекува Трамп да се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе на седми јуни во Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG