Линкови за пристапност

Официјално лице на Северна Кореја на разговoри во Њујорк?


Наводно ќе се одржат преговори поврзани со средбата на Трамп и Ким Јонг Ун, јавува Јужнокорејската новинска агенција Јонхап

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап, известува дека виш официјален претставник на Северна Кореја отпатувал во Пекинг, од каде утре се очекува да замине за Њујорк, наводно на разговори поврзани со средбата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Американски и севернокорејски официјални лица во неделата се сретнаа во демилитаризираната зона, додека заменик-шефот на кабинет на Белата куќа Џо Хеџин и други претставници од администрацијата на Трамп, отпатувале во Сингапур, планираното место за одржување на историската средба.

Ваквиот развој на настаните доаѓа во време кога претседателот Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе планираат да одржат тет-а-тет средба воочи планираниот самит.

Белата куќа соопшти дека Трамп и Абе планираат да искоординираат стратегија за средбата.

Абе не кажа кога ќе се сретне со Трамп, кој сега изгледа оптимист за разговорите, откако минатата недела рече дека нема да оди во Сингапур.

„Изгледа дека се` се одвива добро, како што знаете се одржуваат состаноци, кои нема да ги откријам“, рече Трамп.

Јужнокорејскиот претседател, по средбата со севернокорејскиот лидер во саботата, рече дека „она што е несигурно за Ким не е неговата намера за денуклеаризација, туку односот на САД во непријателските релации со Северна Кореја, и дали САД навистина ќе можат да го обезбедат и гарантираат неговиот режим“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG