Претседателот на САД, Доналд Трамп предупреди дека „ќе биде многу тажен ден за Северна Кореја“ ако САД спроведат воена акција против ова држава.
Претседателот Трамп кој во Белата куќа имаше средба со кувајтскиот емир Шеик Сабах Ахмад ал Сабах ја повтори решеноста за нов пристап во справувањето со Северна Кореја:
„Имавме претседатели кои 25 години разговараат, зборуваат...и само еден ден откако се постигнеше договор, Северна Кореја повторно продолжуваше со работа на нуклеарната програма. Јас не претпочитам воена акција, но тоа е нешто кое може да се случи“.
Трамп, во изминативе денови имаше телефонски разговори со клучните партнери во Азија и Европа, во време кога САД разгледува други средства за справување со заканата од Северна Кореја.
Европската унија поддржува економскиот притисок врз Северна Кореја, кажа вишата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини:
„Целиот овој притисок за спроведувањето на санкциите на ОН, како и на санкциите на ЕУ, имаат за цел отворање канали за дипломатски дијалог кои во моментот не постојат“.
Кина соопшти дека ќе ги поддржи мерките на ОН против Пјонгјанг, како одговор на шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја, но досега не ги прекина испораките на нафта за Пјонгјанг.
Facebook Forum