Линкови за пристапност

Трамп ќе ја прифати републиканската номинација за претседател со огномети


Вечерва претседателот се очекува да се обрати од Белата куќа, заокружувајќи ја последната вечер од Републиканската национална конвенција

Претседателот на САД Доналд Трамп вечерва ќе ја прифати републиканската претседателска номинација. Трамп се очекува да се обрати од Белата куќа, а веднаш по говорот се предвидени огномети на Националното шеталиште во Вашингтон.

Вечерва, на последната вечер на Републиканската национална конвенција, ќе зборуваат и лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, сенаторот Том Котон, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Кевин Мекарти, и ќерката на претседателот Иванка Трамп.

Вчера, пак, на Републиканската национална конвенција зборуваше потпретседателот Мајк Пенс, кој им рече на гласачите дека нема да бидат безбедни во Америка предводена од Џо Бајден.

За време на неговиот говор се случуваа нови расни протести низ САД.

„Џо Бајден вели дека Америка е системски расистичка, и дека спроведувачите на законот ги дискриминираат малцинствата. И кога беше прашан дали би поддржал намалување на фондовите за полицијата, тој одговори дека апсолутно би ги направи тоа“, рече Пенс.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден на почетокот на месецов рече дека би сакал да ѝ даде на полицијата повеќе пари со цел да се справи со неопходните работи.

„Да осигураат дека во нивните оддели имаат социјални работници и психолози“, рече тогаш меѓудругото Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG