Американската амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хеjли вели дека најновото лансирање на интерконтинентални балистички проектили на Северна Кореја го доведува светот „поблиску до војна, а не подалеку од тоа“.
Хеjли побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, нагласувајќи дека САД не бараат војна со Северна Кореја.
„Кина мора да направи повеќе. Претседателот Трамп го повика кинескиот претседател утринава, и му рекол дека Кина мора да ја прекине нафтата од Северна Кореја. Тоа ќе биде клучен чекор во напорите на светот да се запре ова меѓународно лудило“, изјави Хејли.
Пред вчера да замине во Мисури, претседателот Доналд Трамп на неговиот Твитер профил, објави дека ќе наметне нови унилатерални санкции против непријателската азиска нација.
Северна Кореја вчера објави дека успешно го тестирала, она што го нарекува нова интерконтинентална балистичка ракета, која може да стигне до континенталните територии на САД.
Тоа беше 20-тиот балистички проектил на Пјонгјанг оваа година.
Facebook Forum