Како што се очекуваше, Трамп се соочи со бројни прашања за наводите на американското разузнавање дека Русија се вмешала во изборите во ноември, како и тоа како планира да се осврне на потенцијалните конфликтни интереси поврзани со неговиот бизнис.
Тој порекна дека има каков било финансиски интерес во Русија, велејќи дека: „немам никакви зделки на повидок, и немам заеми во Русија“.
Запрашан за хакерските напади за кои американски разузнавачки претставници веруваат дека ги овластил рускиот претседател Владимир Путин, Трамп кажа: „Не требало да го стори тоа“.
Во однос на неговиот бизнис, тој истакна дека го префла на неговите двајца синови, Доналд Трамп Џуниор и Ерик.
Повеќето американски претседатели од блиското минато, даваа прес-конференции по само неколку дена откако ќе победат на изборите. Трамп во меѓувреме беше активен на Твитер и даваше куси изјави за време на процесот на подготовки за преземање на функцијата, но немаше официјална средба со новинарите за да одговори на нивните прашања.