Линкови за пристапност

Трамп домаќин на Нетанјаху во Белата куќа


Посетата на израелскиот лидер доаѓа среде негови проблеми дома, каде се води истрага за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон се среќава со американскиот претседател Доналд Трамп на разговори за начините за спречување на иранското мешање на Блискиот Исток.

Нивната средба доаѓа во време кога Трамп размислува дали САД да се повлечат од Иранскиот нуклеарен договор од 2015-та година, кој имаше за цел спречување на развој на нуклеарно оружје на Техеран. Нетанјаху веќе подолго време се спротивставува на Договорот, нарекувајќи го несоодветен. Сепак, Трамп не успеа да добие поддршка од другите потписнички - Велика Британија, Франција, Германија, Европската Унија, Кина и Русија, за отпочнување нови преговори за Договорот.

Пред да замине во Вашингтон, Нетанјаху изјави: „Имам намера да разговарам за серија прашања“ со Трамп, „но првенствено агресијата на Иран, нуклеарните амбиции и агресивните акции на Блискиот Исток, вклучувајќи ја и нашата граница“.

Се` поголемото присуство на ирански сили во Сирија за поддршка на претседателот Башар ал Асад, е од особена важност за Нетанјаху кој го обвинува Техеран дека сака да воспостави постојана база во Сирија.

На посетата на Нетанјаху во Вашингтон се гледа како на "одмор" од неговите домашни проблеми, каде се соочува со низа истраги за корупција.

Нетанјаху ги негираше наводите, нарекувајќи ги „лажни вести“, истиот поим што Трамп честопати го користел во опишувањето на истрагите за наводите за поврзаност на неговата кампања со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG