Линкови за пристапност

Трамп ќе присуствува на состанокот на НАТО во мај


Во телефонски разговор со Генералниот секретар на Алијансата, американскиот претседател изразил „силна поддршка за НАТО“, соопшти Белата куќа.

Претседателот на САД Доналд Трамп, во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, се согласил да присуствува на состанокот на лидерите на Алијансата во мај.

Според соопштението на Белата куќа, во разговорот бил споменат и конфликтот во источна Украина и „можноста за мирно разрешување на конфликтот на украинската граница“.

„Трамп и Столтенберг воедно дискутирале за тоа како да се поттикнат сите членки на НАТО да ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана“, се додава во соопштението.

Во текот на претседателската трка,Трамп ја критикуваше Алијансата, нарекувајќи ја „застарена“ организација, загрижувајќи дел од европските лидери за неговата заложба. Но, во вчершаниот разговор со Столтенберг, Трамп изразил „силна поддршка за НАТО“.

XS
SM
MD
LG