Линкови за пристапност

Мајкл Флин поднесе оставка на функцијата советник за национална безбедност


Чекорот уследи по извештаите дека дезинформирал претставници на администрацијата на Трамп за неговите контакти со Русија.

Во писмото во кое ја соопштува оставката, Флин наведува дека ненамерно го брифирал новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс и други претставници, преку некомплетна информација за неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак.

Вашингтон пост и Њујорк тајмс минатиот петок јавија дека Флин со рускиот амбасадор разговарал за санкциите против Русија воведени од страна на администрацијата на Барак Обама, како одговор на мешањето на Москва во ноемвриските претседателски избори во САД.

Администрацијата на претседателот Трамп ги порекна извештаите дека било разговарано на оваа тема.

Но, во извештај на Вашингтон пост од понеделникот, се вели дека Одделот за правда ја предупредил актуелната администрација дека со тие разговори, потенцијално Флин се наоѓа во компромитирачка ситуација.

Во меѓувреме, Трамп го именуваше армискиот генерал во пензија, Кит Келог, за вршител на должноста советник за национална безбедност.

XS
SM
MD
LG