Линкови за пристапност

Трамп нареди ревизија на одлуките за прогласување национални паркови


Со извршната наредба ќе се преразгледа начинот како може да се користи федералното земјиште

Претседателот Доналд Трамп со извршна наредба, повика на ревизија на некои од одлуките на претходните администрации за прогласување на одредени површини од федералното земјиште како национални паркови, со тоа да ги ограничат можностите како тие се користат.

Раководителот на Одделот за внатрешни прашања Рајан Зинке, кој ќе ја добие задачата да ја води ревизијата, пред новинарите кажа дека неговата агенција ќе подготви привремен извештај во рок од 45 дена и конечен извештај во рок од 120 дена.

„Не можам да предвидам каков ќе биде исходот“, рече Зинке.

Ревизијата ќе опфати околу 30 национални паркови кои се прогласени за заштитени зони од 1996-та година, наваму, и се на површина од најмалку 40.000 хектари.

Тука е вклучен и Националниот парк „Беарс еарс“ во сојузната држава Јута, кој беше заштитен од претседателот Барак Обама минатата година.

Републиканските претставници од оваа сојузна држава тогаш се спротивставија на потегот, велејќи дека локалните жители претпочитаат одржување на отворен простор за развој.

Зинке вчера рече дека целта на ревизијата е да се „даде на државите и локалните заедници значаен глас во процесот“, и дека од него е побарано да предложи законски промени за националните паркови.

Законот со кој се дава право на претседателите да прогласуваат национални паркови, експлицитно не дава моќ да сменат одлука на поранешен претседателот, и досега немало ваков сличен акт.

Во пресрет на потпишувањето на извршната наредба на Трамп, групите за заштита на животната средина и други лица, остро се спротиставија на потегот.

Џејми Вилијамс, претседател на Wilderness society, активностите на Трамп ги нарече „неправда за идните генерации“, и рече дека локалитетите како Националниот парк „Беарс еарс“ се свети за племињата кои се бореле за заштита на културното наследство и историската вредност.

Реа Су, раководител на Советот за одбрана на природните ресурси, кажа дека Трамп не треба да ги промени одлуките за заштита на локациите и да ги отвори за „индустриска експлоатација.“

(Крис Ханас)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG