Демократите во Претставничкиот дом подготвуваат резолуција која ќе ја доведе во предизвик декларацијата на претседателот Доналд Трамп за прогласување вонредна состојба на јужната граница.
Резолуцијата, спонзорирана од конгресменот од Тексас Хоакин Кастро, треба да биде објавена утре, а за неа се очекува да се гласа во Претставничкиот дом до средината на март.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси вчера објави писмо, со кое ги повика демократите и републиканците да се потпишат како коспонозри, нагласувајќи дека на тој начин мерката ќе се воведе брзо.
Постојат големи шанси резолуцијата да помине во Претставничкиот дом, додека бројни членови од партијата на Трамп во Сенатот би требале да гласаат против за да може оваа мерка да помине и тука.
Паралалено, шесенаесет сојузни држави поведоа судски постапки против администрацијата на Трамп, тврдејќи дека декларацијата за вонредна состојба е нелагална и противуставна.
Facebook Forum