Линкови за пристапност

НАСА со буџет од 19,5 милијарди долари; Mарс во фокусот


НАСА со нов буџет; Марс во фокусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:53 0:00

Претседателот Трамп ја потпиша мерката за зголемување на средствата за Агенцијата за 2018-та, со што стана закон

Претседателот Доналд Трамп ја потпиша мерката за зголемување на буџетот за Националната агенција за аеронаутика и вселена (НАСА), со што таа стана закон. Ова значи одржување на тековната научна програма и ангажман за човечко истражување на Марс.

Со новиот закон, буџетот на НАСА за 2018-та година ќе изнесува 19,5 милијарди долари.

Трамп истакна дека законот ќе помогне во поддршка на централната мисија за човечко истражување на Црвената планета, истовремено продолжувајќи ги транзиционите активности спрема приватните компании.

Според законот, НАСА ќе биде одговорна и за програмите чија цел е испраќање на човечки екипаж и до други дестинации.

Човечката мисија на Марс се смета за следниот најголем предизвик на НАСА. Агенцијата се очекува да развие нова технологија за реализирање на мисијата во голем дел потпирајќи се приватните воздухопловни компании.

„Спејс икс“, во сопственост на Елон Маск, се очекува да испрати беспилотно летало на Марс најрано во 2018-та година.

XS
SM
MD
LG