Линкови за пристапност

Трамп: Нема да го гледам сведочењето на Мулер


Специјалниот советник се очекува да сведочи пред Претставничкиот дом в среда, поврзано со истрагата за руското мешање во изборите во 2016-та

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека конгресното сведочењето на специјалниот советник Роберт Мулер оваа недела ќе заврши лошо за него, и оти тој воопшто не треба да сведочи.

„Нема да го гледам Мулер“, рече тој, додавајќи дека немало соработка и опструкција на правда во врска со истрагата за руското мешање во изборите во САД во 2016-та година.

Мулер се очекува да сведочи пред две комисси на Претставничкиот дом в среда, со цел да одговори на прашања за извештајот на 448 страници објавен во април, кој тој и неговиот тим го завршија по 22 месеца истрага.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG