Линкови за пристапност

САД склучиле договор со биотехничка компанија за 100 милиони дози на потенцијална вакцина против Ковид-19


Трамп ова го соопшти само неколку часа по руското објавување на формално одобрение за вакцина против коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти договор меѓу федералната влада и американска биотехнолошка компанија за производство и дистрибуција на 100 милиони дози на кандидат за вакцина против Ковид-19.

Компанијата, Модерна, треба да ги произведе дозите додека се одвиваат клиничките тестови.

„Федералната влада ќе биде сопственик на овие дози на вакцини - ние ги купуваме“, рече Трамп пред новинарите на прес конференција во Белата куќа во вторникот.

Три кандидати за вакцини во САД се во крајна фаза на тестирање на луѓе.

„Ние сме на пат брзо да произведеме 100 милиони дози веднаш штом вакцината е одобрена и до 500 милиони кусо време потоа“, рече Трамп.

Најновите потези на администрацијата на Трамп ги „зголемуваат изгледите дека САД ќе имаат најмалку една безбедна, ефикасна вакцина до 2021,” кажа Секретарот за здравство Алекс Азар во соопштение.

Претседателот неодамна изјави дека е оптимист оти вакцина против коронавирусот може да биде подготвена до времето на одржување на американските претседателски избори на почетокот на ноември.

Трамп не коментираше за соопштението на рускиот претседател Владимир Путин порано во денот дека неговата земја била прва во светот што официјално одобрила нова вакцина против Ковид-19, и покрај недостигот на дата за поткрепа на тврдењето дека лекот е безбеден за администрирање врз луѓе.

XS
SM
MD
LG