Линкови за пристапност

За воената парада во Вашингтон - 30 милиони долари


Ова денеска во Конгресот го соопшти директорот на за буџет Мик Мулвани

Директорот за буџет Мик Мулвани, проценува дека предложената воена парада на претседателот Доналд Трамп, даночните обврзници ќе ги чини речиси 30 милиони долари.

Актуелната администрација наводно размислува парадата да ја одржи на Денот на ветераните.

Мулвани пред членовите на Комисијата за буџет во Претставничкиот дом, истакна настанот не бил вклучен во предлог-буџетот на Трамп за 2019-та година, бидејќи разговорите на оваа тема започнале неодамна. Тој додаде дека владата ќе мора да соработува со Конгресот „ако се донесе одлука за реализирање на оваа парада“.

Во меѓувреме, во Конгресот постои двопартиско противење на предлогот, и голем дел од законодавците велат дека парадата низ целиот свет ќе се смета како диктаторска.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, изјави дека ќе се согласи на парада којашто ќе им оддаде признание на припадниците на вооружените сили, но настан во „советски стил“, на која би се претставила голема количина на оружје ќе биде знак за „слабост“.

Сенаторот Џон Кенеди, исто така републиканец, минатата недела изјави: „Мислам дека довербата е тивка, а несигурноста гласна“, додавајќи дека „Америка е најмоќната земја во целата човечка историја, нема потреба да ја покажувате“.

Други законодавци кои се спротивставуваат на предлогот, рекоа дека парите за парадата, би биле подобро искористени за услуги за помош на хендикепирани ветерани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG