Линкови за пристапност

Трамп го одликуваше кучето херој од акцијата против лидерот на Исламската држава


Претседателот Доналд Трамп во Белата куќа го одликуваше кучето Конан, воено куче на американските специјални сили, кое беше повредено во октомври во операција против теорористичката група Исламска држава во која загина лидерот Абу Бакр ал-Багдади во Сирија.

Во понеделникот, првата дама Меланија Трамп и потпретседателот Мајк Пенс му се придружија на Трамп на церемонијата во Градината на розите во Белата куќа, каде претседателот ги пофали перформансите на Конан.

Трамп рече дека се сретнал со специјалните сили на САД во Белата куќа. Конан претрпе повреда за време на рацијата, но претседателот рече дека сè уште нема да се пензионира.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG