Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ги посетија повредените во масовните пукања во болниците во Охајо и Тексас. Тој не ги посети местата каде се случија масакрите минатиот викенд, при кои беа убиени 31 лице.
И на двете локации, имаше демонстранти кои се противеа на посетата на Трамп, и повикуваа на усвојување легислатива за контрола на оружјето. Поддржувачите на Трамп беа присутни во двата града.
Политичарите, пак, зборуваа на настани и го критикуваа претседателот во Ел Пасо, каде пред четири дена напаѓач со автоматско оружје уби 22 лица и повреди десетина.
Демократската конгресменка Вероника Ескобар, во чија општина се случи масакрот, ја одби поканата на Трамп да го придружува во градот.
Претседателските кандидат Бето О` Рурк изјави дека претседателот не е добредојден и го повика да ја намали антиимигрантската реторика.
Пред да замине од Белата куќа, Трамп повтори дека верува оти илегалната имиграција е ужасна работа за земјата, и ги обвини критичарите дека го оцрнуваат за „политички придобивки“.
Facebook Forum