Претседателот на САД Доналд Трамп, за време на кампањите пред изборите следната недела, најави дека ќе го укине уставното право на државјанство на деца на недокументирани имигранти кои ќе бидат родени во САД.
„Дури и ако се на наше тло неколку секунди, стотици илегални деца секоја година автоматски добиваат државјанство поради оваа имиграциона политика. Тие веднаш добиваат привилегии и бенефити што ги носи американското државјанство, што чини милијарди долари годишно“, изјави Трамп.
Тој нагласи дека испраќа околу 15.000 војници на границата со Мексико, со цел да се спречат караваните мигранти од Централна Америка, кои нелегално влегуваат во САД.
Претседателот истакна дека треба да постои страв од одредени имигранти, иако повеќето од нив велат дека доаѓаат во САД за да избегнат насилство, како и да најдат можности за егзистенција, кои не постојат во нивните држави.
Facebook Forum