Линкови за пристапност

Трамп најави строги рестрикции за барателите на азил


Претседателот рече дека следната недела ќе потпише извршна наредба за промена на досегашните правила

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека во текот на наредната недела ќе потпише извршна наредба, со која ќе се воведат строги рестрикции за барателите на азил кои доаѓаат на јужната американска граница.

На вчерашниот изборен митинг во Колумбија, Мисури, претседателот во неколку наврати ја истакна неговата намера да се промени амандманот во Уставот, со кој се гарантира државјанство на секој што ќе биде роден во САД.

Тој, исто така, нагласи дека е против практиката бремени жени од странство да доаѓаат во САД како туристи, со цел да го родат бебето и тоа потоа автоматски да добие државјанство.

Трамп вели дека со извршна наредба ќе го промени 14. амандман, но, правниците не се согласуваат, велејќи дека ќе биде потребно многу повеќе од извршна наредба да се промени Уставот.

Претседателот ја повтори неговата заложба и за укинување на семејната миграција, кога новите граѓани спонзорираат членови на нивното пошироко семејство.

Во Белата куќа претходно, тој истакна дека мигрантите кои бараат азил мора да дојдат на легалните влезови во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG