Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека САД и Мексико постигнале трговски договор, оставајќи ја Канада настрана од Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА).
Денес во Белата куќа, Трамп рече дека новиот договор ќе се нарече трговски договор помеѓу САД и Мексико.
Трамп им се обрати на новинарите по директниот телефонски разговор со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието. Трамп го нарече голем ден за трговија и голем ден за земјата.
„Ова е нешто што е особено важно за нашите производители и за нашите земјоделци, од двете земји, за сите нас. Тоа е нешто, за кое мислам дека ќе се зборува и во годините што доаѓаат“, рече претседателот Доналд Трамп.
Мексиканскиот лидер изрази надеж дека „ќе го обнови, модернизира и ажурира“ договорот НАФТА, додека според реториката на Трамп тој 24-годишен договор од трите земји е веќе мртов.
Канада, која е член на НАФТА, не е дел од новиот договор. Трамп рече дека САД наскоро ќе почнат да преговараат и со Канада.
Трамп рече дека според договорот, Мексико се согласил веднаш да започне со купување колку што е можно повеќе земјоделски производи од САД. Белата куќа, исто така, се очекува формално да го извести Конгресот до крајот на оваа недела за својата намера да потпише нов трговски договор во рок од 90 дена.
Трамп рече дека според договорот, Мексико се согласил веднаш да започне со купување земјоделски производи од САД
ВАШИНГТОН —
Facebook Forum