Линкови за пристапност

Трамп се закани со затворање на границата со Мексико


Претседателот на САД Доналд Трамп се закани со воена блокада на јужната граница ако Мексико не ги спречи групите мигранти од Централна Америка да преминат кон САД.

Тој преку Твитер исто така ги обвини демократите дека го помагаат „нападот“ врз САД кој го спроведуваат мигрантите. Трамп дел од мигрантите ги нарече „криминалци“ и додаде дека ќе прекине со финансиската помош за државите од Централна Америка ако Мексико не го „прекине нападот“ врз САД.

Намалување на имиграцијата и изградбата на ѕид на границата со Мексико се едни од приоритетите на неговата имиграциона политика.

Заканите на Трамп доаѓаат на само неколку дена откако караван од неколку илјади мигранти од Хондурас помина низ Гватемала во Мексико со надеж да стаса во САД.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес ќе отпатува за Панама, а утре ќе го посети Мексико Сити каде ќе се сретне со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието.

Официјален Мексико веднаш не одговори на најновите коментари на Трамп за имиграцијата од Централна Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG