Близок соработник на Ангела Меркел преку шега го објаснува резултатот во најновите анкети кој оди во прилог на германската канцеларка, вели, благодарение на „факторот Трамп.“
На осум месеци пред одржувањето на федералните избори, се враќа поддршката за германската канцеларка, која драстично опадна за време на бегалската криза во зимата 2015-16-та година. Нејзините советници мислат дека тоа е благодарение на новиот американски претседател.
Според истражување на јавното мислење, Меркел сега има поддршка од 74 проценти, што е многу повеќе во споредба со нејзините европски колеги.
Според најновото истражување на Галуп, поддршката за Трамп во САД е 42 проценти.
Трамп и неговите соработници не ја штедеа германската канцеларка од критика. За време на изборната кампања, Трамп на неколкупати ја критикуваше Меркел затоа што дозволила влез на бегалци од Блискиот исток во Германија, иако понекогаш тој се повлекуваше, опишувајќи ја како негов омилен светски лидер.