Претседателот на САД Доналд Трамп разговарал за различни глобални прашања, на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Хамбург, Германија, која претставува една од неговите најголеми критичари на светската сцена. Средбата се случи во пресрет на утрешниот Самит на лидерите на најголемите светски економии Г-20.
Двајцата лидери се сретнаа на кусо во хотел, ракувајќи се пред новинарите, пред да се упатат на состанок зад затворени врати, на кој се очекува да дискутираат за трговијата, климатските промени и имиграцијата
Меркел го изрази нејзиното разочарување од повлекувањето на Трамп од Договорот за климатски промени во Париз, нарекувајќи ја неговата одлука „крајно разочарувачка“.
Таа исто така истакна дека Европа повеќе не може целосно да им верува на САД како партнер на светската сцена, откако Трамп почна со промовирање на неговите политики „Америка прва“.
Меркел нагласи дека Германија и Кина можат да работат заедно, во разрешување на светските проблеми.
Трамп, пак, ја критикуваше Меркел во нејзините напори да дозволи повеќе имигранти да поминат преку Германија, во време кога тој ја бранел неговата одлука за лимитирање на имиграцијата од шест држави, со главно муслиманско население, со цел да се спречат можни терористички напади.
Ова е втора средба меѓу двајцата лидери, по посетата на Меркел на Белата куќа во март.
Facebook Forum