Линкови за пристапност

Средба на Трамп со директори на технолошки гиганти на САД


Од канцеларијата на Трамп рекоа дека намерата на идниот лидер на САД е да започне „разговор и партнерство“ во насока на иновации и отворање нови работни места

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се сретна со извршните директори на најголемите технолошки компании, од кои многумина беа едни од најгласните критичари за време на кампањата.

Од канцеларијата на Трамп рекоа дека намерата на идниот лидер на САД е да започне „разговор и партнерство“ во насока на иновации и отворање нови работни места.

На состанокот во кулата Трамп во Њујорк присуствуваа, извршната раководителка на Фејсбук Шерил Сендберг, директорот на Амазон Џеф Безос и Елон Маск, директорот на Тесла Моторс.

Трамп им порача на гостите телефонски директно да го побараат доколку сакаат да разговараат со него и ги повика на повторни вакви средби – или на секои три месеци.

Ниту еден од директорите на високо-технолошките компаниите по состанокот не даде изјава за новинарите.

Многумина од нив беа скептични за неговата кандидатура, заради неговата силна критика на Кина, заканите за укинување на трговските договори и плановите за поостри регулативи на имиграцијата, со што би се ограничил бројот на високо-квалификувани работници.

Трамп на директорите на компаниите им вети дека ќе воведе „фер трговски договори“.

XS
SM
MD
LG