Линкови за пристапност

Уреднички коментари за слобода на печатот објавија над 380 медиуми


Во потегот без преседан учествуваа редакции од секоја сојузна држава освен Вајоминг

Во ескалација на затегнатите односи меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и американските медиуми стотици американски весници во четвртокот застанаа во одбрана на слободата на печатот како одговор на честите напади на претседателот врз медиумските организации.

Бројот на новинарски куќи кои се приклучија на потегот во петок се искачи на 380, од секоја американска сојузна држава со исклучок на Вајоминг.

Кампањата доаѓа во време на повторителни обвинувања од претседателот за медиумите дека ширеле „лажни вести“ заради што ги нарече „непријател на американскиот народ“.

Во четвртокот, Трамп на Твитер напиша: „Медиумите на лажни вести се опозициска партија.“

Анкетата на Универзитетот Квинипек, спроведена месецов, покажа дека 44 отсто од американските гласачи се загрижени дека критиките на Трамп врз медиумите ќе поттикнат насилство врз луѓето кои работат во истите.

Поголемиот дел од демократите се согласуваат со анкетата, додека речиси еднаков процент републиканци не мислат така.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG