Претседателот Доналд Трамп се врати во Вашингтон, во фокус на медиумските извештаи за конфузијата во Белата куќа, поврзана со истрагата на можни врски на неговите соработници со Русија.
По деветдневното патување на Блискиот Исток и Европа, Трамп на неговиот Твитер профил напиша: „Патувањето беше голем успех за Америка. Напорна работа, но големи резултати“.
Тој ги искоментира и медиумските извешати.
„Мое мислење е дека многу од протечените информации од Белата куќа се фабрикувани лаги на медиумите што објавуваат лажни вести“, рече Трамп
Тој додаде дека медиумите „работат напорно да ја потценат мојата употреба на социјалните медиуми, бидејќи не сакаат Америка да ја слушне вистинската приказна“.
Трамп и неговите соработници во Белата куќа се соочуваат со месеци истрага за нивните наводни врски со официјални лица на Русија, за време на претседателската кампања, и потоа.
Демократите, пак, обвинуваат дека Трамп се обидел да ја спречи правдата, како и да ги ограничи истрагите.
Специјален обвинител води истрага дали соработниците на Трамп нелегално соработувале со руски официјални лица, кои ја помогнале победата на изборите во ноември, додека конгресните комисии повикаа да сведочат бројни сегашни и поранешни соработници на претседателот.
Белата куќа го очекува и конгресното сведочење на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.
Facebook Forum