Линкови за пристапност

Секретарот Матис заминува од администрацијата


Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе ја напушти функцијата во февруари. Тој кажа дека неговите ставови не се на линија со оние на претседателот.

Веста дојде еден ден откако Трамп кажа дека американските трупи ќе ја напуштат Сирија, потег на кој Пентагон се противеше.

Иако Трамп кажа дека Матис се пензионира, Матис објави писмо во Пентагон индицирајќи дека дава оставка.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс синоќа зборуваше за планираното заминување на Матис. Таа рече дека Матис до заминувањето ќе навршел две години служба во администрацијата и дека тој и претседателот имале добар однос, иако понекогаш не се согласувале. „Претседателот секогаш ги сослушува членовите на неговиот тим за национална безбедност, но на крајот тој донесува одлука“, кажа Сандерс.

Освен за Сирија, имало несогласувања меѓу двајцата и во однос на рускиот претседател Владимир Путин. Матис верува дека рускиот претседател сака да го обезвредни НАТО и да ги напаѓа западните демократии. Од своја страна, Трамп ги фалеше способностите на Путин за раководење и неодамна предизвика загриженост меѓу американските сојузници со повикот Русија повторно да се вклучи во групата на големи индустриски нации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG