Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го одбра маринскиот генерал во пензија Џејмс Матис, на функцијата прв човек на Пентагон.
За да може тој да ја преземе функцијата, ќе мора да има промени во федералниот закон. Матис бил командант на маринците во Авганистан и Ирак.
Поранешен виш претставник на Пентагон за Вашингтон пост изјави дека Матис е високо почитувана личност.
Сепак, доколку Матис на функцијата биде одобрен од Сенатот, Конгресот ќе треба да го заобиколи законот според кој секретарите за одбрана може да бидат во пензија од активна служба најмалку 7 години. Матис се пензионираше во 2013-та.