Линкови за пристапност

Американскиот претседател ќе се обрати за годишниот Марш за живот


Денес се одбележува 45-годишнината од одлуката на Врховниот која го легализираше абортусот во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се обрати на 45-тиот годишен марш за живот во Вашингтон, што е настан против абортусот.

Тој до нацијата ќе се обрати преку сателит од Белата куќа, станувајќи трет претседател кој ќе зборува на годишниот настан.

Роналд Реган тоа го стори во 1987-та година, а Џорџ В. Буш во 2003-та и 2004-та година.

Активистите против абортус се надеваат дека администрацијата на Трамп ќе ги поддржи нивните напори за забрана на постапката.

Керол Тобиас, претседател на Националниот комитет за право на живот, рече: „Ние се обидуваме да ги заштитиме бебињата на секој можен начин преку законодавството“.

Денеска воедно се одбележува и 45-годишнината од одлуката на Врховниот суд за легализирање на абортусот во САД.

Еленор Смел, претседателка на Фондацијата за феминистичко мнозинство, ја поддржува пресудата. „Кога ги принудувате луѓето да се репродуцираат во тешко време за нив, вие негативно влијаете врз нивното здравје и добросостојба и нивните семејства“, рече таа.

Трамп во еден момент го поддржал правото на жената да има абортус, но за време на кампањата рече дека мора да постои „некоја форма на казна“ за оние кои имаат абортуси.

И Тобиас и Смел се согласуваат дека тоа е лоша идеја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG