Линкови за пристапност

Трамп рече дека тој, а не неговата кампања, платил пари за замолчување


Тоа се случило само неколку дена пред изборите во 2016-та година, но, тврди дека во тоа време не знаел за ова

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека тој, а не неговата кампања, платил пари преку неговиот адвокат Мајкл Коен, кои биле наменети за замолчување.

Тоа се случило само неколку дена пред изборите во 2016-та година, но, тврди дека во тоа време не знаел за ова.

„Подоцна дознав“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Тој неколку пати повтори дека пари од кампањата не биле искористени за да им се плати на две жени, кои тврдат дека имале афера со него.

„Тоа може да биде малку ризично“, рече тој во интервјуто, нагласувајќи дека нема злоуптреба во кампањата.

Во вторникот, Коен на федералниот судија во Њујорк, му кажа дека ги направил исплатите за двете жени „со цел да не влијаат врз изборите, и оти Трамп тоа го побарал од него.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека претседателот нема направено ништо погрешно, и оти се работи за смешни обвинувања дека претходно лажел за неговото знаење за исплатата на овие пари.

„Тоа што Мајкл Коен се изјасни за виновен не значи дека тоа се одразува врз претседателот“, рече Сандерс.

Адвокатот на Коен Лени Дејвис, за повеќе медиуми, изјави дека неговиот клиент би соработувал со специјалниот советник Роберт Мулер, и би можел да укаже на други злоупотреби направени од страна на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG