Американскиот претседател Доналд Трамп води нова политичка борба против остварувањето на правото на гласање по пошта низ САД, тврдејќи дека има ризик од можна измама и дека од тоа би имале голема корист опозициските демократи.
Самиот Трамп неодамна побара гласање во отсуство на републиканските претседателски примарни избори на Флорида, крајбрежната држава за која тој сега тврди дека е негов службен дом, откако целиот живот го помина како жител на Њујорк.
Но, во средата во порака на Твитер напиша дека „републиканците треба да се борат многу напорно кога станува збор за државно гласање по пошта“.
„Демократите се бучни околу тоа“, рече тој. „Неверојатен потенцијал за измама на гласачите и од која било причина, тоа не функционира добро за републиканците“.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1247861952736526336
Поради неизвесноста околу ширењето на коронавирусот во САД, некои од примарните избори се веќе одложени, а некои законодавци, главно демократи, вршат притисок за поголемо усвојување на гласањето по пошта, покрај личното гласање.
Некои законодавци, главно демократи, вршат притисок за поголемо усвојување на гласањето по пошта, покрај личното гласање
Во американската држава Висконсин во вторникот, илјадници луѓе излегоа да гласаат на примарните претседателски демократски избори, иако во редиците за гласање се чекаше и до два и пол часа.
Гласачите најчесто носеа маски за лице и одржуваа безбедна дистанца од два метра од другите присутни на гласачките места.
Републиканците во Висконсин и националната републиканска партија се спротивставија на продолжување на роковите за гласање во отсуство, како што се приближуваше гласањето во вторникот.
Facebook Forum