Претседателот на САД Доналд Трамп, на 14-ти јули во Париз ќе присуствува на прославата на Денот на Бастилја, се вели во соопштението од Белата куќа.
Трамп ја прифатил поканата од францускиот претседател Емануел Макрон и „со нетрпение очекува повторно да ги афирмира силните американско-француски односи“.
Двајцата лидери вчера имале телефонски разговор, кога Трамп ја добил поканата.
Од Белата куќа велат дека за време на разговорот „првите луѓе на САД и Франција дискутирале и за актуелната ситуација на Блискиот Исток и ја разгледале агендата за претстојниот самит на Групата 20“ во Хамбург, Германија.
Трамп и Макрон претходно се сретнаа во мај, за време на Самитот на НАТО во Брисел.
Facebook Forum