Линкови за пристапност

Трамп: Ако Иран ни` се заканува, ќе плати цена


Американскиот претседател е домаќин на неговиот француски колега Макрон кој се наоѓа во тридневна посета на САД

Претседателот Доналд Трамп го пречека францускиот претседател Емануел Макрон со официјална церемонија во Белата куќа, пред денешните состаноци и државната вечера.

Церемонија вклучи близу 500-тини претставници од сите пет гранки на Армијата на САД. За време на вечерата, своја изведба ќе има Националната опера во Вашингтон.

Фокус на денешните состаноци се неколку прашања од глобално значење, како војната во Сирија, Иранската нуклеарна програма, како и планот на Трамп да воведе царини на увозот на алуминиум и челик.

„Сега е време да бидеме силни, затоа, ајде да бидеме силни, да бидеме обединети, да го почитуваме нашето минато и со иднината да се соочиме со самодоверба и гордост“, истакна Трамп. „САД и Франција посакувам да останат во вечна солидарност, заради важната кауза на слобода и мир“.

„Заедно, САД и Франција, ќе го поразат тероризмот. Заедно, ќе градиме нова форма на напредок“.

Американскиот претседател истакна дека „се чини оти Иранстои зад се на Блискиот Исток каде што има проблем. Иранскиот договор е катастрофален. Ако Иран ги обнови нуклеарните тестирања, ќе има поголем проблем од оној што го имале порано“. Макрон го поддржува договорот и ќе се обиде да го убеди Трамп да не се откажува од него. Тој додаде дека тој договор не е совршен, но, оти не постои план „Б“.

Иранскиот претседател Хасан Рухани, во меѓувреме изјави дека „ќе има сериозни последици, доколку САД се повлечат од договорот“.

Трамп е горд на неговото пријателство со Макрон, поради што и го покани да биде првиот странски лидер, кој дошол во официјална државна посета на САД, за време на неговата администрација.

„Оваа посета е мошне важна во моментов, кога постојат многу несигурности, грижи и закани“, рече Макрон по пристигнувањето во Вашингтон.

Францускиот претседател, според најавите, ќе се фокусира на важноста американските воени сили да останат во Сирија, нагласувајќи дека во спротивно, ќе се зголеми ризикот од предавање на Сирија на Иран и на режимот на Башар ал-Асад.

Кусо по пристигнувањето во понеделникот, Макрон и неговата сопруга Брижит, заедно со Трамп и првата дама Меланија, засадија дрво во јужниот тревник на Белата куќа.

Макрон и Трамп, имаа и тура со хеликоптер до најпознатите туристички атракции во Вашингтон, пред да вечерата во Монт Вернон, имотот на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.

Францускиот лидер утре ќе се обрати пред законодавците во американскиот Конгрес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG