Линкови за пристапност

Коен ќе се врати да сведочи пред Конгресот в среда


Се очекува да сведочи и бизнисменот со руско потекло Феликс Сатер, кој работел со Коен на проектот за облакодерот на Трамп во Москва

Мајкл Коен, поранешниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, следната среда уште еднаш ќе сведочи пред Конгресот, откако вчера беше испрашуван повеќе од седум часа зад затворени врати.

Претседавачот со Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом Адам Шиф изјави дека ќе сведочи и бизнисменот со руско потекло Феликс Сатер, кој работел со Коен на проектот за облакодерот на Трамп во Москва.

Шиф изјави дека сведочењето на Коен зад затворени врати било корисно.

Коен, пак, излезе позитивен по вчерашното испрашување.

„Посветен сум да ја кажам вистината и ќе се вратам на 6-ти март да го завршам сведочењето. Има уште што да се разговара“, рече Коен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG