Линкови за пристапност

Коен треба да влезе во затвор на 6-ти март


Поранешниот адвокат на Трамп доби затворска казна од три години за повеќе кривични дела, меѓу кои и за лажење пред Конгресот

Поранешниот адвокат на претседателот Доналд Трамп Мајкл Коен е осуден на три години затвор.

Тој денес пред судијата во Њујорк изјави дека неговата „слепа лојалност“ кон американскиот претседател го довела да ги прекрива неговите матни зделки.

Казната затвор се однесува за повеќе кривични дела, меѓу кои за неговата улога во исплатата на 280.000 долари на две жени, кои наводно имале афера со Трамп, како и за давање лажна изјава пред Конгресот за напорите на Трамп да изгради облакодер во Москва.

Судијата му кажал на 52-годишниот Коен дека со времето тој некако ги изгубил сопствениот морален компас.

Адвокатите на Коен бараа тој да биде ослободен од затворска казна, но, Коен презеде целосна одговорност за сторениот криминал, вклучително и за оние што се однесуваат на претседателот на САД.

Коен треба да влезе во затвор на шести март, како и да плати близу 1.9 милиони долари парична казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG