Околу 200 демократи од Претставничкиот дом и Сенатот, денеска поднеле федерална тужба, во која претседателот Доналд Трамп се обвинува за прифаќање на пари од странство преку разни бизнис интереси, спротивно на Уставот на САД.
Во тужбата се тврди дека претседателот го прекршува делот од Уставот, во кој се забранува кое било лице на јавна функција во САД да прифаќа какви било подароци или исплати од која било странска држава без претходно одобрение од Конгресот.
Ова е втора по ред тужба од ваков вид против претседателот Трамп откако ја презеде функцијата во јануари, наваму.
Facebook Forum