Линкови за пристапност

Организација за етика со тужба против Трамп


Тужбата се однесува за наводно прекршување на не толку јасна клаузула во Уставот.

Претседателот Доналд Трамп на функцијата е само неколку дена, но невладина организација за етика е подготвена да поднесе тужба против него за наводно прекршување на не толку јасна клаузула во Уставот.

Организацијата Прогресивни граѓани за одговорност и етика со седиште во Вашингтон, соопшти дека планира тужбата да ја поднесе денеска во федерален суд во Менхетен, Њујорк.

Клаузулата за приход забранува странски сили, вклучувајќи и влади, да даваат пари или подароци на претседател, без одобрение на Конгресот.

Според Њујорк тајмс, кој прв објави за овој развој на настаните во неделата, тужбата не бара каква било парична оштета, но наместо тоа од судот ќе бара запирање на активности на претседателот на државата, да прима исплати од странски „ентитети“.

Претседателот Трамп за тужбата кажа дека нема никаква заслуга.

XS
SM
MD
LG