Линкови за пристапност

Трамп: Коен лажеше многу


Интересно е што не лажеше само за една работа, а тоа е дека немало соработка со Русија, реагираше претседателот од Виетнам

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека вчерашното сведочење на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен е неточно, и оти Коен лажел многу.

На прес конференција во Виетнам, по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Трамп реагираше на коментарите на Коен.

„Лажно сведочење како ова, среде многу важен самит е навистина ужасно нешто. Можеа да го закажат два дена покасно или уште подобро следната недела. И тој лажеше многу. Но, интересно е што не лажеше за една работа. Рече дека немало соработка со Русија“, изјави Трамп.

Коен вчера изјави дека нема директен доказ за соработка, но, оти се сомнева дека тоа било случај.

Неговото свдочење ќе продолжи и денес.

Коен доби затворска кана од три години поради финансиски криминал, злоупотреба на средства од кампањата и за лажење пред Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG