Линкови за пристапност

Трамп со предупредување до Турција


Анкара ќе се соочи со економско уништување, ако ги нападне курдските сили во Сирија

Претседателот на САД, Доналд Трамп предупреди дека Турција ќе се соочи со економско разурнување доколку ги нападне Курдите откако американските трупи ќе се повлечат од Сирија.

„Ќе ја уништиме Турција економски ако ги нападнат Курдите. Направете 20 милји (32 километри) широка безбедна зона ... “, напиша Трамп без да даде дополнителни детали.

„Исто така, не сакам Курдите да ја провоцираат Турција“, напиша Трамп на Твитер.

„Русија, Иран и Сирија беа најголеми добитници од долгорочната политика на САД за уништување на Исламската држава во Сирија – кои се нивни природни непријатели“, рече Трамп.

Курдските демократски сили во Сирија беа меѓу најблиските американски сојузници во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија.

Турција вели дека Курдските демократски сили се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка група.

Постојат стравувања дека Турција ќе ги нападне курдиските борци во Сирија, кога Американците ќе заминат.

XS
SM
MD
LG