Американскиот претседател Доналд Трамп, ја обвини Русија дека и` помага на Северна Кореја да ги избегне меѓународните санкции.
Трамп за „Ројтерс“ изјави дека Пјонгјанг прави напредок во развојот на балистички проектили, кои можат да стасаат до САД.
Тој ја пофали Кина за напорите да ги ограничи испораките на нафта и јаглен во Северна Кореја, но рече дека Пекинг може да стори многу повеќе за да помогне во притисокот врз Пјонгјанг.
Американскиот претседател истакна дека се чини оти Русија ги пополнува празнините што ги создале Кинезите.
Трамп воедно кажа дека тој можеби е подготвен да оствари лична средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, но додаде дека не е сигурен оти тоа ќе го реши проблемот.
Државниот секретар Рекс Тилерсон вчера изјави дека јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин верува дека подготвеноста на Пјонгјанг да одржи можни разговори, е доказ дека санкциите функционираат.
Facebook Forum