Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп кажа дека Северна Кореја нема да развие нуклеарно оружје кое ќе има капацитет да достигне до САД.
„Тоа нема да се случи“, напиша Трамп на Твитер, без да даде образложение.
Неговиот став доаѓа на еден ден откако лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун кажа дека неговата земја е речиси подготвена да тестира лансирање на интер континентална балистичка ракета. Северна Кореја на неколкупати тестираше ракети со краток дострел и имаше мешан успех. Некои експерти велат дека ќе бидат потребни години земјата да развие капацитет за развој на ракета која може да достигне до САД.
Северна Кореја не ги коментираше проследените забелешки на Трамп.
Во меѓувреме, сојузникот на Северна Кореја, Кина го обвини Трамп за „поттикнување на неодговорно однесување“ по забелешката на новоизбраниот претседател насочени кон Кина, дека земјата не ја ограничува нуклеарна програма на Пјонгјанг.
Државниот кинески весник, The Global Times, извести дека нуклеарната програма на Северна Кореја „ја одржува напнатоста кај некои Американци“ кои ја обвинуваат Кина за северно корејската нуклеарна програма наместо да погледнат кон себе си.
Порано Трамп на Твитер напиша дека „Кина добива голем количина на пари и богатство од САД, во целосно еднострана трговија, но не сака да помогне со Северна Кореја!“