На една недела пред вториот самит на Доналд Трамп и Ким Јонг Ун во Виетнам, нивните фризури веќе се прават во фризерските салони во главниот град Ханој.
66 годишен обожавател на Доналд Трамп помина повеќе од еден час на бојадисување на неговата природно црна коса во портокалово – руса, како она на претседателот на САД.
Гиа Хуи кој има 9 години и го носи прекарот „Ун“, поради неговата сличност со лидерот на Северна Кореја, исто така ја подготви својата фризура.
Фризерите велат дека десетици клиенти сакаат да ги направат своите фризури како оние на двајцата лидери, но дека Ким е попопуларен.
Facebook Forum