Линкови за пристапност

Трамп рече дека Северна Кореја не го прекршила договорот со лансирањето проектили


Ким не сака да ме разочара со нарушување на довербата, напиша претседателот на Твитер

Претседателот на САД Доналд Трамп го минимизираше значењето на проектилните тестови на Северна Кореја раноутрово, пет месеци по последните разговори за денуклеаризација со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и обидите да се постигне договор.

„Тестовите не се прекршување на договорот што го постигнавме во Сингапур“, напиша Трамп на Твитер, подоцна признавајќи дека проектилните тестови можеби ги прекршиле резолуциите на Обединетите нации.

Американски официјални лица претходно рекоа дека Ким му ветил на Трамп лично дека нема да лансира проектили со долг дострел, ниту пак да спроведува нуклеарни тестови.

„Ким не сака да ме разочара со нарушување на довербата“, напиша претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG