Официјалната новинска агенција на Северна Кореја (КЦНА), во нејзината објава на интернет, вели дека „се` додека САД ја негираат основната пристојност за својот партнер во дијалогот и се држат до застарената глума што и` претходните администрации ги пробаа, но не успеаја, не може да се очекува напредок кај постигнатиот договор за денуклеаризацијата меѓу Северна Кореја и САД“.
Одговорот на Северна Кореја се чини дека е спротивен, од она што претседателот Трамп го изјави за односите на САД со Пјонгјанг, пред бизнис лидерите во неговото голф-одморалиште во Њу Џерси.
„Со Северна Кореја сме добро, имаме многу добри разговори. Некој ќе рече: Зошто не се движи процесот побрзо? Тие работеа на ова 40 години. Ги вративме нашите заложници, нема повеќе проектили што летаат над Јапонија, нема нуклеарни тестирања и имаме добри односи со Северна Кореја, па ќе видиме како тоа ќе функционира“, рече претседателот Трамп.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг се` уште е подготвенa да го спроведе сеопфатниот договор постигнат на самитот на 12-ти јуни меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.
Трамп се вели дека размислува за втора средба со Ким Јон Ун, но нема официјални изјави за какви било формални договори.
Facebook Forum