Линкови за пристапност

Трамп добил писмо од Ким Јонг Ун


Американскиот претседател вели дека очекува наскоро да има нова средба со северно-корејскиот лидер

Од Белата куќа соопштија дека претседателот Доналд Трамп добил писмо од лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во кое тој се навраќа на самитот кој се одржа во јуни во Сингапур.

„Писмото до претседателот Трамп, кое беше испратено од претседателот Ким беше примено на 1-ви август. Тековната коресподенција меѓу двајцата лидери е продолжение на нивната средба во Сингапур и понатамошно спроведување на обврските од заедничката декларација на САД и Северна Кореја“ кажа во соопштение портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

На самитот, двете страни ветија дека ќе работат кон денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Сепак, документот потпишан од Трамп и Ким Јонг Ун не вклучува детали за тоа кога и како Северна Кореја ќе го стори тоа.

Претходно Трамп му се заблагодари на Ким за писмото, додавајќи дека „со нетрпение очекува наскоро да се сретне со него.“ Во истата порака на Твитер, претседателот на САД исто така му се заблагодари на Ким за пренесувањето на посмртните останки на американски војници кои биле убиени за време на Корејската војна.

Неговите коментари дојдоа на неколку часа откако потпретседателот Мајк Пенс учествуваше на церемонија во сојузната држава Хаваи која се одржа по повод пренесувањето на останките на американско тло.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG