Линкови за пристапност

Трамп ја напушти Белата куќа за прв пат од 28-март


(Reuters) - Американскиот претседател Доналд Трамп, со недели затворен во Белата куќа заради коронавирусот, замиина за Кемп Дејвид, во Мериленд, во петокот, за викендот да го помине во претседателското одмаралиште.

Кога неговиот хеликоптер Marine One полета од јужниот тревник, тоа беше прв пат Трамп да ја напушти Белата куќа од 28-ми март, кога го посети Норфолк, во Вирџинија, да го испрати бродот-болница на американската морнарица „Конфор“ ,што замина за пристаништато на Њујорк.

На заминување Трамп им кажа на новинарите дека ќе практикува социјално дистанцирање додека е во Кемп Дејвид, и дека планира работен викенд што ќе вклучи телефонски разговори со странски лидери.

Тој ќе се врати во Вашингтон во недела, на време за виртуелниот собир на Каналот Фокс Њуз - настан кај Споменикот на Линколн.

Трамп планира патување во Феникс, Аризона, во вторник. Потпретседателот Мајк Пенс, имаше неколку патувања надвор од Вашингтон, за надгледување на напорите во справувањето со коронавирусот.

XS
SM
MD
LG