Линкови за пристапност

Индија негира дека побарала од Трамп да посредува во спорот во Кашмир


Индија негира дека побарала од претседателот на САД, Доналд Трамп да биде посредник во долгогодишниот спор меѓу Индија и Пакистан за регионот Кашмир.

„Немало такво барање“ напиша на Твитер Равиш Кумар, портпарол на Министерството за надворешни работи на Индија. „Позицијата на Индија е непроменета, а тоа е дека сите отворени прашања со Пакистан се дискутираат на билатерално ниво. Секој ангажман со Пакистан значи ставање крај на прекуграничната тероризам.“

Трамп во понеделникот рече дека индискиот премиер Нарендра Моди побарал од него да помогне во конфликтот во спорниот регион Кашмир.

„Ако можам да помогнам, би посредувал“, изјави Трамп во Белата куќа, каде тој се сретна со пакистанскиот премиер Имран Кан.

„Како што објасни претседателот, САД се подготвени да помогнат ако тоа биде побарано од Индија и Пакистан“, изјави виш претставник на американската администрација за Гласот на Америка кој беше запрашан да го коментира негирањето на Индија дека премиерот Моди побарал Трамп да посредува по прашањето за Кашмир.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG