Претседателот на САД Доналд Трамп ја обнови јавната дебата за независноста на судскиот систем во државата.
Во телефонскиот разговор со американските трупи во странство, Трамп рече дека федерален апелационен суд во Калифорнија станал голем трн во неговата работа.
Забелешките на претседателот уследија ден откако врховниот судија Џон Робертс реагираше на коментарот на Трамп за независноста на судскиот систем, кој судија што пресуди против неговата администрација го нарече судија на Обама.
Робертс, кој беше назначен од претседателот Џорџ Буш помладиот, одговори дека коментарите на Трамп го одразуваат неговото непознавање на судската улога.
„Немаме судии на Обама или на Трамп, на Буш или на Клинтон. Имаме исклучителен тим посветени судии кои работат најдобро што можат да ги заштитат правата на сите што ќе дојдат во суд. Независното судство е нешто за што сите треба да бидеме благодарни“, рече Робертс.
Трамп, пак, возврати дека судијата Робертс може да каже што сака, но, оти деветиот судски округ бил катастрофа, надвор од контрола и со ужасна репутација.
Facebook Forum