Линкови за пристапност

Законодавци бараат синот на Трамп да сведочи пред сенатска комисија


Американскиот претседателот ја бранеше средбата на неговиот син Трамп Јуниор со руската адвокатка

Клучни американски законодавци кои ги истражуваат наводите за руското мешање на изборите во 2016-та, сакаат Доналд Трамп Јуниор да сведочи за неговата средба со руската адвокатка во Кулата Трамп во Њујорк, во јуни 2016-та година, кога мислел дека таа има информации што би можеле да и` наштетат на кампањата на Хилари Клинтон.

„Откритието дека кампањата на Трамп со нетрпение сакала да соработува со Русија е навистина вознемирувачки“, напиша на Твитер лидерката на малцинство во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Освен најстариот син на Трамп, и неговиот зет, 36-годишниот Џаред Кушнер, исто така се очекува да сведочи на затворената седница. Демократските законодавци бараат на вишиот советник на претседателот Трамп, Кушнер да му биде одземена и безбедносната проверка.

„Изгледа дека во Белата куќа нема етички стандард“, вели Пелоси.

Дури и некои републиканци мислат дека ќе биде во најдобар интерес на Трамп ако ги отстрани своите деца од Белата куќа, вклучувајќи го и Кушнер, кој е оженет со неговата најстара ќерка, Иванка.

Сенаторот Чарлс Грасли претседавач со Комисијата за правосудство при Сенатот, испрати писмо до синот на Трамп, барајќи од него да сведочи за средбата со руската адвокатка, Наталија Веселницкаја. Доналд Трамп Јуниор изјави дека е подготвен да сведочи доброволно.

Демократскиот сенатор Крис Кунс рече: „Со нетрпение очекувам да го прашам Доналд Трамп Јуниор што мисли за прифаќањето на средба со некој кој ги претставува еден од нашите најголеми светски непријатели.“

Зборувајќи во Париз, Трамп го бранеше својот најстар син за состанокот со Веселницкаја:

„Мислам дека од практична гледна точка, повеќето луѓе ќе го прифателе тој состанок“, кажа Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG